Недела, 23 Март 2014 by

Со дишењето ослободувате многу повеќе отколку што мислите!

Преку белите дробови не ослободуваме само јаглерод диоксид, туку дури 250 врсти на отпадни материи кои ги исфрлиме од телото преку дишењето.
Техниките на дишење имплементирани од страна на Здружението „Вештина на живеење“ може корисно да влијаат врз нашето физичко и психичко здравје. Поточно, ефикасни и едноставни техники на дишење можат да го зголемат капацитетот на белите дробови и на тој начин ефикасно да ги отстрануваме токсините од телото.
 
Во исто време организмот може да го снабдиме со поголема количина на енергија потребна за да се зајакне имунолошкиот систем, ефикасна за поднесување на стрес, подобра меморија, зголемена самодоверба и подобро социјалното функционирање.
 
Белите дробови заедно со дигестивниот тракт и кожата се едни од главните патишта на елиминација на нечистотии од телото. Често се случува голем број на луѓе да дишат плитко, не го искористуват полниот капацитет на белите дробови со што елиминацијата на токсините преку дишењето може да биде значително отежнета.