Недела, 30 Март 2014 by

Хендбол планет: Македонска револуција - Вардар и Металург во TOП 8!

Фантастична вечер за македонскиот ракомет! 
Историскиот успех го направија двете врвни ракометни екипи од оваа мала балканска земја - РК Вардар и РК Металург, кои ги победија ривалите и стигнаа во топ 8 во ЕХФ Лигата на шампионите!, пишуваше Хендбол планет денеска. Кралот е мртов: Вардар распиша конкурс за нов владетел на Европа! Бајката продолжува: Металург ги остави Данците на минус 10!, пишуваше Балкан хендбол. 
РК Вардар направи една од најголемите сензации во историјата на ЕХФ Лигата на шампионите – во Хамбург го победи актуелниот европски шампион Хамбург со 30:29 (првиот натпревар 28:28) и ја принуди Европа да ја почне потрагата по новиот најдобар тим!
 
РК Металург повторно во Данска даде прекрасна партија против Колдинг во Копенхаген и победи со 30:26. Тимот на  Лино Чeрвар имаше 6 гола предност од првиот натпревар во Скопје (23:17), што го направи македонскиот тим непобедив и ја зголеми нервозата кај данскиот тим. Во текот на сите 60 минути во ниту еден момент не беше доведена во прашање победата на Металург и во Копенхаген.
 
Фантастичниот десен бек, Словенецот Ренато Вугринец повторно беше клучниот играч и пак постигна 10 гола за победничкиот тим, а рускиот лев бек, Павел Aтман постигна еден гол помалку, објави порталот Хендбол планет.
 
ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА
 
Дури четири екипи од нашата група отидоа во четврт-финалето на ЛШ!
 
Металург, Вардар, Барселона и Пари Сен Жермен – дури четири екипи од нашата група Ц се пробија во четврт-финалето на ракометната Лига на шампионите.
 
Сите четири клуба влегоа меѓу осумте најдобри во Лигата, што се случува првпат во историјата на ова ракометно натпреварување.
 
Ждрепката за четвртфиналните натпревари, кои ќе се играат на 20 и 26 април, ќе се извлече во вторник на 1 април во Виена.

Drivers' world championship

  • Last updated: 30 Мар 2014 22:22 UTC
        Driver   points
    1 Nico Rosberg     043
    2 Lewis Hamilton     025
    3 Fernando Alonso     024
    4 Jenson Button     023
    5 DK Kevin Magnussen     020
    6 Nico Hulkenberg     018
    7 Sebastian Vettel     015
    8 Valtteri Bottas     014
    9 Kimi Räikkönen   006
    10 BRA  Felipe Massa       006
     

     

     

Тунирај во 3D