Недела, 30 Март 2014 by

ЕХФ ЗА СЕНЗАЦИОНАЛНИОТ ТРИУМФ НА ВАРДАР

По блескавата игра и победа на Вардар на реваншот против Хамбург, во кој македонскиот шампион славеше со 30:29 на теренот на актуелниот европски шампион, ЕХФ му дава голем публицитет на “црвено - црниот“ тим, пренесувајќи изјави на дел од вардаровите ракометари, кои беа пресреќни од подвигот кој го заслужија. 
Еве што изјавија Карачиќ, Душебаев и Петриќ:
 
“Ова е најзначајниот ден во мојата кариера“ – кратко изјави Игор Карачиќ, стрелецот на 8 погодоци во победата на Вардар.
 
“Остваривме сензационален резултат, кој ретко кој го очекуваше“ – додаде Алекс Душебајев кој постигна 6 гола, вклучувајќи го и последниот со кој Вардар дојде до предност од 30:28 во последната минута од натпреварот.
 
“Историски ден за нас, но заслуживме да победиме затоа што игравме храбро. А како што е познато, среќата ги следи храбрите“ – изјави Владимир Петриќ, еден од најискусните ракометари на Вардар.
 

Drivers' world championship

  • Last updated: 30 Мар 2014 22:22 UTC
        Driver   points
    1 Nico Rosberg     043
    2 Lewis Hamilton     025
    3 Fernando Alonso     024
    4 Jenson Button     023
    5 DK Kevin Magnussen     020
    6 Nico Hulkenberg     018
    7 Sebastian Vettel     015
    8 Valtteri Bottas     014
    9 Kimi Räikkönen   006
    10 BRA  Felipe Massa       006
     

     

     

Тунирај во 3D