Menu

Потфрлија брзите Ферариња

Пред почетокот од шампионатот имше многу озборувања за тоа колку ќе бидат брзи оваа сезона болидите на Ферари. Но сето тоа набрзо падна во вода одкако започна сезоната. Со по некое трето место на Фетел и еднаш Кими не се доволни за освојување на титула, не особено сега кога гледаме колку се брзи болидите на Ред Бул, особено одличниот Макс Верстапен.

И додека ги согледуваме времињата на Ред Бул, Ферари или некој друг, тимот на Мерцедес граби кон освојување на новата титула. Особено со последниве неколку трки, каде Хамилтон покажува зошто двапати по ред ја освои шампионската титула. Високо цели и на трета по титула, бидејќи има веќе 19 бодови предност пред неговиот клубски колега Розберг.
Континуираното натпреварување (возење) на Хамилтон го искачи на врвот на шампионатот после трката на Хунгароринг. Секогаш се бори за место погоре, и интересно е да се гледа како ги престигнува конкурентските болиди, особено борбата со својот клубски колега Нико Розберг.
Минатиот викенд тимот на Мерцедес Петронас на Хамилтон му понуди нов тригодишен договор со уште подобри услови од минатиот. Што се однесува до договорите, Мартини Мерцедес подготвува екстра понуда за младиот возач на Ред Бул Макс Верстапен во замена за Маса, кој сезонава многу е слаб, дури и во одбрана на бодови од минатата година.
Останува да видиме, дали Хамилтон ќе направи хет-трик по ред..

mercedes-lewishamilton-formula-one_3073741

Share This:

No comments

Leave a Reply

AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Like us on Facebook

Видео На Денот