Menu

ИЏЕ ПОБЕДИ НА ПАТЕКАТА „ХУНГАРОРИНГ“

Голем подвиг за најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе кој обезбеди победа на стартот од натпреварите во Централната европска зона на кружни патеки што се возеше на легендарната формула 1 патека „Хунгароринг“ крај Будимпешта.

Стефановски трката ја извозе доминантно за 25 минути и 40 секунди, осум секунди побрзо од второпласираниот Јака Мариншек од Словенија. На третото место заврши Германецот Карол Витке со заостанување од 38 секунди.

Македонскиот автомобилист реши да учествува на трките во „ЦЕЗ“ на кружни патеки со цел да се адаптира на гужвата што му создаваше проблеми за време на првите две учества од ЕТЦЦ шампионатот.

Share This:

No comments

Leave a Reply

AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Like us on Facebook

Видео На Денот