Menu

Валентино Роси, Прв и во голем стил

Како во младите години, Валентино Роси се претстави во Шпанија, иако сите мислеа дека на пијадесталот прв ќе биде Хорхе не Иванов туку Лоренцо.
Вчера со пол позиција, најава за тоа колку денес ќе бидат брзи Јамаха моторите. Со 1-2 победа во Шпанија, Роси и Лоренцо најавија доминација во Мото ГП.
Денес Роси поведе од самиот старт, а потоа од круг во круг ја зголемуваше својата предност. Во 16-от круг изнесуваше околу 4 секунди предност, и како што се очекуваше Роси малку забави, а во наредните 8 кругови беше забележително возењето на Лоренцо, кој во првите 10 круга беше под притисок од својот сонародник Маркез. Но потоа успеа да се одлепи и да се доближи до Роси, кој одкако доби известување за тоа каде се наоѓа Лоренцо, веднаш забрза и во само 2-3 груга направи дополнителна разлика од 3 сек, или вкупни 5 секунди од Лоренцо.
Во финишот, Роси ја извозе стартно-целната писта на едно тркало..
Со оваа победа Роси се доближи до Лоренцо и Маркез на табелата од шампионатот на неколку бода разлика, што прикажува колку ќе биде интересна и оваа сезона.. Очекуваме Роси во наредната трка да го превземе водството на табелата во генерален пласман.

download (1) download (2) download (3) download images

Share This:

No comments

Leave a Reply

AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Like us on Facebook

Видео На Денот